Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте, десен бек кој досега настапуваше во тимот на актуелниот првак на Данска, ГОГ Гудме, од денеска е нов ракометар на македонскиот шампион РК Еурофарм Пелистер.

Цехте се афирмира во дресот на Горење Велење, клуб со кој стана национален шампион на Словенија, настапувал за германски Хановер, а во текот на сезоната 2022/23 со ГОГ Гудме учестуваше во Лига на шампионите.

Нејц Цехте потпиша едногодишен договор, а на публиката ќе и биде претставен кон средината на јули, односно на почетокот на подготовките на РК Еурофарм Пелистер за сезоната 2023/24.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2023 05:08