За прв пат денеска во општина Илинден ќе се одржи меѓународниот детски фолклорен фестивал „Св.Троица“, кој претходно има осумгодишна традиција во Долно Лисиче. Фестивалот се одржува во чест на празникот Св.Троица.

Со почеток од 17 часот пред спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден ќе почне фестивалското дефиле со сите учесници кои ќе се упатат кон Домот на културата каде во 18 часот ќе се одржи концертот.

На фестивалот ќе учествуваат и гости од Бугарија, Србија, Косово и неколку ансамбли од Скопје.

Целта на фестивалот е преку фолклорот да се направи зближување меѓу народите, запознавање со нови култури и традиции, презентација на земјата и нејзините убавини, како и размена на знаења и искуства.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2023 11:28