Денес ќе се оддржи прес-конференција по повод новиот музички проект насловен „Македонијо во срце те носиме“. Станува збор за проект во кој на едно место се ставени 12 македонски патриотски песни во изведба на 12 македонски изведувачи, и од светот на забавната и од светот на народната музика.

Меѓу учесниците се: Наум Петрески, Сузана Спасовска, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски, ДНК, Огнен Здравковски, Ламбе Алабаковски, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Мина Блажев, Марија Спасовска, Зуица Лазова, а на списокот песни се „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“ ...

„Македонијо во срце те носиме“ е проект кој во овие турбулентни времиња кога често сме негирани како народ кој има своја историја, свое творештво, песни во кои се крие вистината на нашата земја има за цел да ги возобнови најубавите македонски, патриотски песни, да им го продолжи векот и да ги приближи до новите генерации.

Освен деталите за студискиот материјал со наслов „Македонијо во срце те носиме“ на прес-конференцијата ќе бидат соопштени и деталите за концертниот караван кој под истото име ќе ја обои Македонија во најубавите звуци.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2023 05:29