Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес во просториите на општина Гази Баба ги додели решенијата за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди и електрични тротинети.

Денес ги доделивме решенијата за субвенционирање на граѓаните за набавка на велосипеди и електрични тротинети.

Овие две мерки заедно со мерките за субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците и за вградување на уреди на течен нафтен гас во возилата се нови мерки кои се реализираат во општина Гази Баба од минатата година.

Сите овие мерки но и многу други ги реализираме во насока на заштитата на животната средина и намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух и доаѓаат како реализација на мојата изборна програма со која побарав доверба од граѓаните.

Општина Гази Баба реализира голем број на мерки и проекти преку кои се враќаат финансиски средства од буџетот на општината директно кај граѓаните.

Заштитата на животната средина останува на врвот на приоритетите на мојот мандат. #ВетувањатаСеРеализираат - напиша Стефковски



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2023 05:56