Американската глумица Шенен Доерти, можеби најпозната по улогата на Бренда во тинејџерската серија „Беверли Хилс 90210“, ги извести обожавателите дека ракот ѝ се проширил на мозокот.
„На 5 јануари, скенирањето покажа метастази во мојот мозок. Вчерашното видео го прикажува процесот на прилагодување на маската што ја носите за време на зрачењето на мозокот. На 12-ти јануари се одржа првиот круг на зрачење", напиша Доерти споделувајќи видео од себеси в болница.
Потоа им се заблагодарува на своите, како што вели - одлични лекари и неверојатни техничари.
„Но тој страв... Превирањата... Времето и одредените мигови минати тука и сè тоа... Еве како може да изгледа ракот“, додаде таа.
Нејзе ѝ беше дијагностициран рак на дојка во 2015 година. По мастектомијата, година подоцна болеста беше во ремисија, но веќе во 2019, Шенен дозна дека ракот ѝ се вратил, се проширил и оти е во четврта фаза.
Претходно годинава беше објавено и дека Доерти се разведува од нејзиниот сопруг Курт Исвариенко, со кого се омажи во октомври 2011 година. Нејзината гланоговорничка Лесли Слоун посочи оти причината за разводот е друга жена.