Полициски службеници од Полициската станица Струга вчера го лишиле од слобода С.Н., на возраст од 68 години, од село Ташмаруништа. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени 71 куршум од различен калибар и една воздушна пушка, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2023 15:42