По повод крајот на учебната година, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски денес во просториите на општината ги додели признанијата на првенците на генерација 2014/2023 година од општинските основни училишта.

За настанот градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

На последниот ден од учебната 2022/2023 година во просториите на општина Гази Баба ги доделив признанијата на првенците на генерацијата 2014/2023 година, кои оваа година го завршуваат основното образование.

Најуспешни ученици по спроведена постапка во основните училишта на генерацијата 2014/2023 година се:

Јана Симоновска - ООУ Крум Тошев;

Филип Тодоров - ООУ Наум Наумовски Борче;

Мелани Козарова - ООУ Кирил и Методиј;

Ива Игнатова - ООУ Његош;

Теодора Мариновска - ООУ Вера Јоциќ;

Ѓорѓи Цветковски - ООУ Стив Наумов;

Михаела Димчова - ООУ Дане Крапчев;

Саша Исјановски - ООУ Григор Прличев;

Теодора Стојчевска - ООУ Крсте Мисирков;

Регис Хаскај - ООУ 25 Мај;

Сара Стефковска - ООУ Наум Охридски.

Општина Гази Баба на најдобрите 11 ученици ќе им додели финансиска награда од 3000 денари. Оваа мерка се спроведува по втор пат оваа година и ќе продолжи и во иднина, бидејќи со истата преставува признание за трудот на најдобрите ученици, но и мотив за сите останати.

Ја користам оваа прилика на сите ученици да им го честитам крајот на учебната година и постигнатиот успех. Да им посакам добар летен одмор и во следната година поголеми успеси и достигнувања. - напиша Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/06/2023 16:04