Ал Пачино и неговата девојка, продуцентката Нур Алфалах пред извесно време го дочекаа своето прво заедничко дете. Гласноговорникот на двојката ги открива полот и името на бебето.
Нур, која е 54 години помлада од славниот глумец, роди син по име Роман Пачино, потврди нивниот претставник за списанието „Пипл“ (People).
Според западните медиуми, Ал Пачино (83) првично бил изненаден од бременоста, па Нур направила и ДНК-тест којшто потврдил дека Ал е татко на нејзиното дете.
Инаку, двојката е во врска две години, а првпат беа видени заедно лани во април. Нур претходно била поврзувана и со Мик Џегер, Клинт Иствуд, како и со францукиот милијардер Никола Бергруен. Инаку, Ал Пачино никогаш не бил во брак. Тој досега ја има ќерка сѝ Џули Мери (родена 1989) и близнаците Оливија и Антон Џејмс (родени 2001).