HERE Technologies, глобален лидер во дигитални мапи и карти и услуги за локација, ќе изработува точни тродимензионални (3D) мапи на делови од Република Македонија, како дел од своите напори да понуди најнапредни карти и мапи во светот.

HERE ќе ги поминува улиците во периодот од мај до август оваа година со автомобил опремен со најнова технологија за снимање на прецизни и точни податоци за патиштата, вклучувајќи линии на патеката и сигнализација. Јасно означениот HERE автомобил ќе сними и тродимензионални слики на како и места од интерес како продавници, бензински станици и ресторани.

Информациите ќе бидат искористени за создавањето на богати и детални карти и мапи низ државата, кои се наменети да поддржуваат високо автономни возила и други напредни услуги кои ја подобруваат безбедноста на патиштата, ги намалуваат гужвите во сообраќајот и овозможуваат луѓето поедноставно да се движат во градските области. Во наредните неколку недели, возилото ќе патува по сите главни автопати и магистрали низ целата целата земја и по улиците во одредени градови. Снимените слики се чуваат во возилото и подоцна се пренесуваат во шифрирана форма во безбедни објекти. Кога ќе се пренесат, сликите се обработуваат со најсовремени софтвер и напредни алгоритми за откривање и замаглување на лица и регистарски таблици.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2023 22:31