ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција - Скопјe за седум дена санкционирале 199 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 19.06. до 25.06.2023 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ, отстранети се 98 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 101 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, соопштуваат од ЈП Паркинзи на Општина Центар

ЈП ПОЦ и СВР Скопје најавуваат дека во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2023 11:44