Поранешен македонски ракометен репрезентативец Иван Марковски е назначен за нов тренер на Мулти Есенс.

Марковски е со богато играчко резиме, во кое се запишани настапи за повеќе домашни и странски екипи, меѓу кои се Пелистер, Металург, Вардар, Метковиќ, Загреб и Сарагоса.

Во својата тренерска кариера Марковски има водено екипи од Франција, Кина и од Катар, а беше тренер и на македонските тимови ХЈС Работник и Металург. Мастер-коуч лиценца има од 2020 година.

Помошник на Иван Марковски ќе му биде тренерот Миле Бочкаровски.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2023 16:05