Компанијата „Оушн гејт“ сопственик и ракувач со малата подморница што заврши фатално со имплозија при што загинаа пет лица, прекинува со сите истражувања и комерцијални операции.

Компанијата ова го објави на својата веб страница без дополнителни детали.

Меѓу загинатите кои се наоѓаа на кога малата подморница Титан имплодираше беше Стоктон Раш, извршен директор на „Оушн гејт“. Пловилото во јуни носеше на екскурзија до бродоломните останки на Титаник уште еден истражувач и тројца туристи.

Се води истрага составена од крајбрежните стражи на САД и Канада заедно со власти од Франција и Велика Британија кои сè уште вршат истрага за тоа што ја предизвикало смртоносната имплозија на пловилото при што моментно загинаа петте патници.

Познато е дека катастрофата не можело да се избегне поради премногу лабавите процедури за безбедност при конструкцијата на Титан, при што генерално се обвинува загинатиот Раш кој одбивал да изврши техничка експертиза на материјалите употребени во изградбата на пловилото од трети страни, односно од етаблирани институции кои се занимаваат со безбедност на подморниците.

„Оушн гејт“ е приватна компанија. На нејзината веб страница стои дека тие се залагаат за „иновативна употреба на материјали и напредна технологија“ во развојот на длабоководните мали подморници.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2023 04:55