„Ворнер Брос“ го објави првиот трејлер за хорор-филмот „Калуѓерка 2“ (The Nun II) - продолжение на хитот од 2018 година којшто заработи 365,5 милиони долари ширум светот. Тоа го прави филм со најголема заработка во целиот тој серијал филмови што почна со „Повикување“ (The Conjuring) од 2013. и „Анабел“ од 2014 година.

Филмовите од целокупниот серијал досега заработија вкупно над две милијарди долари.

Дејството на новиот филм е сместено во 1956 година во Франција. Во него глумат Таиса Фармига, Бони Аронс, Ана Поплвел, Кејтлин Роуз Дауни, Џонас Блокет итн. Обожавателите, општо земено, се воодушевени од трејлерот, а некои сметаат дека продолжението засега изгледа подобро од првиот филм.

„Калуѓерка 2“ е осмиот филм од оваа приказна. Режисер е Мајкл Чејвс, а сценариото го напишаа Иjан Голдберг, Ричард Наинг и Акела Купер. Како и за претходните делови, продуценти се Џејмс Ван и Питер Сафран. Филмот ќе се прикажува во кино од 6 септември 2023 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2023 15:11