Општина Илинден започна со изградба на нова пешачка патека на улица ,,2”, што се протега преку надвозникот на влезот во Општината.

Новата пешачка патека ќе биде во должина од 350 метри, покрај патеката ќе биде поставена, нова сообраќајна сигнализација.

- Со изградбата на оваа пешачка патека ќе се овозможи безбедно движење на возилата и на пешаците кои го поминуваат овој пат, особено учениците кои во текот на учебната година се движат кон новото општинско основно училиште, соопштија денеска од Општина Илинден.

Увид во градежните активности денеска направил градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски.

Општина Илинден, додаваат, и во наредниот период ќе продолжи да инвестира во безбедноста на сообраќајот и унапредување на истиот, со што ќе бидат изградени дополнително нови пешачки и велосипедски патеки во повеќе населени места



Автор: Администратор
Објавено на: 07/07/2023 16:19