Левиот бек на македонската ракометна репрезентација Филип Талески ќе ја продолжи кариерата во Бенфика, откако денеска потпиша едногодишен договор со португалскиот клуб.
Талески се сели во Португалија од редовите на македонскиот вицешампион Вардар 1961 и ќе биде трет македонски ракометар во историјата кој ќе ги носи дресот на Бенфика по репрезентативните голмани Никола Митревски и Борко Ристовски.
-Доаѓам во голем град и голем клуб. Зборував со моите колеги Никола Митревски и Борко Ристовски, кои ми кажаа сè за клубот. Можам да ветам дека ќе работам напорно и посветено, за да придонесам заедно со моите нови клупски колеги да ги исполниме нашите цели, порача за клупскиот сајт 27 – Талески.
Македонскиот лев бек во минатото настапуваше и за скопски Металург, како и за германските клубови Балинген и Рајн Некар.