Денес во посета на општина Гази Баба беше делегација на провиненцијата Јунан од Народна Република Кина.

На средбата со делегација на провиненцијата Јунан од Народна Република Кина со која беше и Амбасадорот на Кина во Република Македонија Н.Е. Жанг Зуо остави средба градоначалникот Бобан Стефковски и претседателката на Советот Дијана Илиевска.

За средбата градоначалникот Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук на која напиша:

СРЕДБА СО ДЕЛЕГАЦИЈА НА ПРОВИНЕНЦИЈАТА ЈУНАН ОД НАРОДНА РЕПУБЛИКА КИНА. Денес во посета на општина Гази Баба беше делегација на провиненцијата Јунан од Народна Република Кина заедно со Амбасадорот на Кина во Република Македонија Н.Е. Жанг Зуо. На средбата разговаравме за воспоставување на заедничка соработка во различни области. Како локална самоуправа ги преставивме инвестициските капацитети со кои располагаме, кои во иднина би можеле да бидат предмет на заедничка соработка со цел привлекување на нови инвестиции. Нашата цел е привлекување на нови инвестиции на урбанизираната локација за индустриска зона на територија на општина Гази Баба, а со цел отворање на нови работни места и развивање на економијата. - напиша Стефковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/07/2023 04:28