Како резултат на нефункционаланото работење на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, за жал денеска во општина Ѓорче Петров ја имаме оваа грда слика, преполни се сите контејнери, посебно во урабниот дел на оштината, вели градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски од терен, расчистувајќи го сметот низ улиците на општината во урбаниот дел, кој што ЈП „Кумунална хигиена“ веќе неколку дена не го собира.

Стојкоски изрази благодарност градоначалникот на општина Велес, кој денеска се одзва на нивниот повик за помош, при што веќе призтигнаа двете возила кои што ќе им помогнат во акцијата која што ја вршат заедно со вработените и ангажираните лица кои се во комуналниот пункт Ѓорче Петров, за со сопствени сили да го исчистат невидениот страм на улиците на општината.

„Со оваа акција ќе продолжиме во текот на ноќта, нема да ги оставиме жителите на на нашата општина сами. Иако ова не е надлежност на општината Ѓорче Петров ние сме тука кои што сме први на браникот на општината, на браникот на интересите на жителите на Ѓорче Петров и остануваме тука до крај, додека не постигнеме максимален резултат, со оглед на она што го имаме како капацитети“, рече Стојкоски.

Тој додаде дека, нешто подоцна ќе им се приклучи едно поголемо возило на фурмата „Еко флор“ која што стопанисува руралниот дел на општината со цел да им помогне што е можно побрзо да го надминат овој проблем.

Стојкоски посочи дека остануваат на учиците на Ѓорче Петров за да овозможат подобри и постоинствени услови на жителите.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2023 00:14