Заедно со претседателот на Советот Дејан Митески, со општинската администрација, со одговорните во општината сме на терен да почнеме да решаваме едно прашање кое не е во наша надлежност, прашање кое е во целосна надлежност на Градот Скопје, прашање за кое сите ние како жители плаќаме месечно за да се решава оваа услуга. Општината Аеродром каде што има највисок степен на наплата на оваа услуга која повеќе од 4 дена не се подигнува ѓубрето од јавни површини, изјави градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски за вестите на ТВ24.

Ние подолг период алармираме за лошото функционирање на ЈП „Комунална Хигиена“, сега за жал граѓаните на еден најлош начин заради неумесно функционирање на ова ЈП што навистина се случува, рече тој.

Муцунски додаде дека обврска како политичари не е да ги воочуваат проблемите туку кога постојат предизвици да ги решаваат истите.

- Јас во мојот дел на надлежности постојано имам предизвици и несогласувања но никогаш не дозволувам на ваков начин јавноста да страда и да ги гледа негативните последици на она што се случува. Ова што го дозволија од страна на градот Скопје и ова ЈП да се случи е да создадеме здравствен ризик за нашите граѓани Иако не е наша надлежност преземаме конкретни мерки. Ние имаме ограничена механизација, таа механизација и нашите работници веќе се на терен. Исконтактирав со градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, благодарение на ажурноста и интересот на Иван да ни помогне во овој предизвик во секој момент очекуваме да пристигнат две големи возила од Општина Штип кој ќе имаат капацитет да поченеме да ги празниме контејнерите, истакна Муцунски.

Додаде дека четири дена воопшто не е ништо направено од страна на градот и покрај нашите апели што значи дека ние веднаш нема да можеме да го решиме ова но ќе дадеме максимални напори ова да почнеме да ги враќаме работите во нормала

- Предизвик ќе биде каде ќе се носи ова ѓубре, битребло во „Дрисла“ да се носи истото и пробуваме повеќе од еден час да стапиме во контакт со ЈП „Дрисла“ но немаме никаков одговор од нивна страна дали ќе може да се однесе ова ѓубре таму иако тоа би било очекувано и нормално. Да видиме како ќе се развива ситуацијата вечерва, ќе бидеме на терен граѓаните треба да знаат дека ние како градоначалници на територија на Град Скопје ќе бидеме присутни и ќе бараме начини да го решиме овој проблем, изјави Муцунски



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2023 00:14