Уште една трагедија се случи во македонскиот ракомет. Синоќа почина млад ракометар. Станува збор за 19-годишниот Андреј Петрески, кој беше член на клубот Аеродром.

Петрески кој беше познат меѓу соиграчите по прекарот „штурче“ починал во својот дом.

Македонскиот талентиран ракометар играше на позицијата лево крило и се наоѓаше на поширокиот список на македонската кадетска репрезентација.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/07/2023 18:01