Македонската женска репрезентација денес во 12 часот ќе се соочи со Норвешка во разигрувањето за пласман од 9. до 16. место на Европското првенство за ракометарки до 19 години.

По трите порази во преелиминарната фаза од репрезнтациите на Црна Гора, Данска и Чешка, Македонките не се пласираа во главната рунда на шампионатот во Романија.

Покрај Норвешка, противник на „црвено-жолтите“ во разигрувањето ќе биде и репрезентацијата на Србија.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2023 08:49