Продуцентите на „Дедпул 3“ (Deadpool 3) ги објавија првите слики од снимањето на филмот, но и првиот трејлер... Така, најкоментирана подробност, се чини, е новиот „Вулверин“-костим...

Обожавателите на филмовите „Икс-Мен“ (X-Men) знаат дека од 2000 година (Хју Џекмен) го глуми Вулверин во црн кожен костим, наместо оригиналниот жолт од стриповите. По сѐ изгледа дека обожавателите на автентичниот Вулверин, по 24 години ќе го видат Џекмен и во „долгоочекуваната“ жолта униформа.

Инаку, во режија на Шон Леви, „Дедпул 3“ може да се пофали со звучна актерска екипа. Освен Џекмен, во филмот глумат и Рајан Рејнолдс (како антихеројот Дедпул), натаму - Метју Мекфадијен, Ема Корин и Џенифер Гарнер, која по 20 години се враќа како суперхероината Електра. Филмот ќе се прикажува во кината од 3 мај 2024 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2023 19:13