Босанскиот глумец Мирсад Тука почина на 58-годишна возраст, по долго и тешко боледување. Веста ја потврди близок семеен пријател.
Мирсад дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, а кариерата ја почнал како студент на Драмското студио при Народниот театар во родната Тузла. Од 1996 година е член на Камерниот театар во Сараево. Глумел во бројни театарски претстави, како и во повеќе филмови и ТВ-серии, меѓу кои и „Босански сон“, „Нафака“, „Сѐ е џабе“, „Римејк“, „Оставени“, „Воини“, „Забранета љубов“, „Сабина“, „Беса“.
Но, се чини, балканската јавност можеби најмногу го памети по хумористичната хит-серија „Луд, збунет, нормален“, каде што го глумеше инспекторот Мурга