Доаѓа нова ера за познатата фудбалска симулација на видеоигрите на „Електроник артс“ (ЕА), па првото издание од новиот серијал, наречен „ЕА спортс ФЦ 24“ ќе биде пуштено во продажба на 29 септември. Новата видеоигра ќе биде наменета за конзолите „Плејстејшн 4“ и „5“, „Икс-бокс уан“, како и сериите „Икс“ и „С“, „Нинтендо свич“, а ќе има и опција за играње на компјутер.
Гласините велат цените на видеоиграта ќе се движат 60 - 80 долари.
Долгогодишното партнерство помеѓу „ЕА“ и Светската фудбалска организација - ФИФА заврши по објавувањето на видеоиграта „ФИФА 23“.
Инаку „EA“ склучи договор со бројни светски лиги и организации за да ја одржи симулацијата што пореална и поверодостојна. Дел од тоа се над 19.000 вистински фудбалери, над 30 лиги и повеќе од 100 стадиони. Новата верзија ќе добие и две нови женски лиги - шпанската Лига Ф и германската Фраунен-Бундеслига, двете највисоки нивоа на женскиот фудбал во Шпанија и Германија