Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски го промовираше “Граѓанскиот информатор” како дополнителна алатка за информирање на граѓаните за работата на локалната самоуправа.

- Излезе првиот број на “Граѓанскиот информатор” кој општина Гази Баба го издава со цел информирање на Вас, граѓаните за работата на локалната самоуправа.

Отчетноста и транспарентноста се начела кои ме водат во мојата секојдневна работа и од нив нема да отстапам.

Оваа форма на печатење на Граѓанскиот информатор преставува уште една дополнителна алатка во насока на информирање на граѓаните преку давање отчет за сработеното.

Општината им припаѓа на граѓаните и тие имаат право да бидат информирани за тоа како работат оние на кои тие им дале доверба.

Граѓанскиот информатор во следниот период во печатена форма ќе биде поделен на граѓаните на општина Гази Баба.

Транспарентна општина!

Силна општина!

Со срце за нашата Гази Баба! - напиша Стефковски



Автор: Администратор
Објавено на: 17/07/2023 09:36