– Македонскиот ракометен прволигаш Еурофарм Пелистер 2 ги засили своите редови за новата сезона со 26-годишниот десен бек Стефан Трпчевски, соопшти попладнево битолскиот клуб.

Трпчевски потекнува од школата на битолски Еурофарм Пелистер и се враќа во клубот по неколку интернационални искуства.

Во изминатите неколку сезони Трпчевски настапуваше за шпански Бургос, фински Бк-46, израелски Хапоел Кирјат Оно и грчкиот клуб Фаикса Корфу.

Трпчевски во македонскиот ракомет ги носеше дресовите на Пелистер, Вардар Јуниор, Вардар, Охрид, Струга и Тиквеш.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2023 01:11