Тејлор Свифт е првата жена изведувачка со најмногу бр. 1 албуми на топ-10 листата на списанието „Билборд“ во историјата. Музичката ѕвезда тоа го постигна со својот 12. албум на оваа листа - „Speak Now (Taylor's Version)“ (инаку 13-ти албум воопшто). Со тоа новата „поп-кралица“ го надмина рекордот на Барбара Стрејсенд кај пејачките.

Говорејќи за машките уметници, Џеј Зи и Битлси имаат по повеќе од 12 албуми бр. 1, иако „Билборд“ наведува дека е променет системот за рангирање албуми.

Свифт (33), исто така, стана и прв жив изведувач во речиси 60 години кој има четири албуми во топ-10 списокот во истовреме, додава списанието. Меѓу нив сега се „Midnights“, „Lover“ и „Folklore“. Поп-ѕвездата сега е и првиот изведувач кој има 11 албуми на топ-200 листата на влијателното американско гласило.

Нејзиното рекордно достигнување се случи среде нејзината турнеја „Eras“ (на македонски: „ери“), вредна милијарди долари, што би требало да трае до август 2024 година.

„Speak Now“ првично беше издаден во 2010., но Свифт си зеде задача да ќе ги пресними своите први шест албуми за да може да ги контролира правата над нив, па ова е третиот од нив.. Во октомври лани, пејачката стана и прва изведувачка која некогаш ги зазела сите 10 места на американската табела за синглови во истовреме по објавувањето на нејзиниот 10. студиски албум „Midnights“.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/07/2023 14:33