По разводот со Бен Афлек во 2018 година, американската глумица Џенифер Гарнер беше поврзувана со бизнисменот Џон Милер, а според некои гласини и со други познати личности, во краткиот период во 2020 - 21. кога тие биле привремено разделени.

Гарнер и Милер, како што пренесуваат западните медиуми, сега се свршени и планираат скромна венчавка и веселба „во семејниот двор“, како што пренесува неименуван пријател на двојката. Главни гости, според изворот, ќе бидат трите деца на Џенифер од бракот со Афлек и двете деца на Џон од првиот брак.

Гарнер, инаку има одличен однос со Џенифер Лопез и сегашното семејство на Афлек и „тие сите - па и Бен, мислат дека Џон е совршен“ за ѕвездата од „Алијас“ и „Електра“, според наводите.

Инаку, според последните информации, Гарнер по скоро две десетлетија, повторно ќе ја глуми суперхероината Електра, во филмот „Дедпул 3“ што ќе излезе вгодина. Таа оваа година е актуелна со ТВ-сериите „Последното што тој ми го кажа“ и „Крај на забавата“.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/07/2023 19:18