Алжирскиот репрезентативец и долгогодишен учесник во Лигата на шампионите, Калифа Гедбан е нов голман на Еурофарм Пелистер.

Дваесет и шестгодишниот голман на алжирската репрезентација во Битола доаѓа како слободен ракометар, а последната сезона ја помина во првакот на Романија и учесник во Лигата на шампионите, Динамо Букурешт.

Гедбан потпиша договор на една сезона, со опција за уште една. Калифа ќе им се приклучи на Урбан Лесјак и Марко Кизиќ на голманската позиција во нашиот клуб.

Алжирецот во минатото две сезони беше голман на Вардар и стана шампион на Европа. Бранеше и за Адемар Леон (Шпанија), а неговите добри настапи му донесоа трансфер во Динамо Букурешт.

Гедбан е шесто засилување на Еурофарм Пелистер оваа сезона по Цехте, Борзаш, Нилсен, Петровиќ и Ѓорговски.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/07/2023 16:43