Македонскиот ракометен вицешампион, тимот на Алкалоид синоќа ги почна подготовките за сезоната 2023/24.
Во претстојната сезона Алкалоид, покрај во домашното првенство, ќе се натпреварува и во Европската лига на EHF.
Првиот дел од подготовките ќе се реализираат во Скопје, а потоа екипата ќе оди на базични подготовки во Маврово.
Во вториот дел, од 16 до 20 август, Алкалоид ќе настапува на Меѓународниот турнир во Струга, а потоа ќе оди на финални подготовки во Хрватска, каде што ќе игра натпревари со екипите на Нексе, ППД Загреб, Сесвете и со словенечката екипа Добова.