Светски познатата платформа за слушање музика, „Спотифај“ одлучи да ги зголеми цените на претплатите за повеќе од 200 милиони корисници во категоријата „Премиум“, и тоа првпат по 10 години.

„Ги менуваме цените на услугите во категоријата ’Премиум’ на повеќе пазари ширум светот за да може да продолжиме да воведуваме новости“, се наведува во денешното соопштение.

Така, „Премиум“ претплатниците во САД ќе плаќаат 10,99 долари месечно наместо сегашните 9,99 долари, а претплатата на овој пакет е зголемена и во Велика Британија, Канада, Австралија и 49 други земји.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/07/2023 14:10