Поротата во судот во Лондон денеска го прогласи актерот Кевин Спејси за невин по обвиненијата за сексуално вознемирување врз четворица мажи.

Спејси беше ослободен од девет обвиненија, вклучително и сексуален напад, поттикнување на лице на сексуална активност без согласност и поттикнување лице на пенетративна сексуална активност, пишуваат британските медиуми.

Спејси за време на судењето се изјасни за невин, кажувајќи дека не ја искористил својата моќ за да ги одведе неименуваните мажи в кревет.

Тој ги опиша обвинувањата како „забивање нож в грб“.

Сите четворица мажи, според законот, имаат право на доживотна анонимност.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2023 05:00