Во емисија „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ гостуваше портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК, Марија Митева која што во однос на случајот „Иловица“ истакна дека Бектеши и власта прават пиши- бриши политика, и треба да дадат одговор на сериозни прашања кои што се поврзуваат со ДУИ и луѓе блиски до нив кои се дел од сопственичката структура, а кои ги одбегнуваат, и на кои немаат одговор.

„И после маратонската прес конференција на Бектеши, каде што после 56 минути кажување неважни факти за она што се отвори како сомнеж во јавноста, се слушна практично дека вчера на влада отишле чекор назад и направиле пиши бриши политика, што само пред недела дена беше во спротивна насока. Навистина огромен скандал, навистина скандал кој што ги разбуди граѓаните, особено оние од струмичката котлина, кои што жестоко се спротивставија“ посочи Митева.

Митева додаде и дека власта треба да даде сериозен одговор во однос на лицата кои се поврзуваат со ДУИ и луѓе блиски до нив, а се дел од сопственичката структура на рудникот.

„Можам да кажам дека овде има неколку клучни прашања на кои што треба да се даде одговор од страна на власта, кои што се многу сериозни и кои што повторно се поврзуваат со политичката партија ДУИ и лица кои што важат за блиски до нив. Она што е суштината на овој случај е дека власта од една страна на изборите во 2016 година, па и во изборите во 2020 година гласно зборуваше дека е против рудници во четвртата изборна единица, и ветуваше дека такво нешто нема да се случи, водеше хајка против изградбата на рудниците преку протестите, на кои рудниците беа наречени рудници на смртта во тоа време, за денес да имаме состојба каде тие на седница на влада носат одлука за спојување на концесиите. Сомнителноста која што се јавува е што Дестани кој што важи за близок до ДУИ влегува во сопственичката структура на Еуромакс Ресурсис и само 15 дена од кога се случува тоа, Управниот суд, институциите носат одлука со која што се поништува одлуката за едностраниот раскин на концесијата. И многу е симптоматичен краткиот рок за носење на таквата одлука само 15 дена од кога се случува влегувањето на Дестани“ нагласи Митева.

Митева посочи и дека доколку се земат предвид сите прашање кои што се поставија во јавноста постои сериозен сомнеж дека станува збор за договорена работа во однос на концесијата за рудникот Иловица.

„Ако ги погледнеме сите прашања кои што ги поставивме во јавноста сериозно може да се посомневаме дека станува збор за договорена работа, која што треба да резултира со две опции. Првата работа е изградба на рудникот и ќе ја работи фирма која што нема апсолутно никакво кnow-how по односот на ископ на бакар и злато, и втората работа која што е многу веројатно дека ќе се случи е секако да се најде на арбитража, таа фирма да ги земе парите од арбитража и потоа тие пари да завршат кај оние кои што им ја завршиле на нив услугата, да практично ја добијат концесијата, а тоа е власта во моментов. И замислете на ваков еден случај не видовме расправа, дебата, но од кога излезе случајот во јавноста почнаа да ретерираат, да велат дека биле доведени во заблуда, навистина ја потценуваат секојдневно интелегенцијата на јавноста“ нагласи Митева.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2023 15:33