На 22 јули во 3:30 часот е опожарено возилото во сопственост на 35 годишното лице Б.Л, но го користело друго лице. Истиот ден, попладнето првиот вицепремиер на владата Артан Груби на неговиот официјален фејсбук профил објави статус во кој се извинува на соседите, на неговите пријатели, неговото семејство за како што наведува “штетата предизвикана исклучиво поради мојата професија“, наведувајќи дека постојано е мета на закани, последователни напади, како и дека во политиката е за да служи и остави траги со неговата работа и дела, а не да ги терорирзира семејството, соседите и општеството, со што потврди дека автомобилот кој што е опожарен лично тој го користел, вели пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница за пратенички прашања и додаде дека опожареното возило чинело 80.000 евра и истото има поставено светлосна и звучна сигнализација, кое што според законските прописи и правилници истото е поставено само во полициските возила.

Возилото марка Ауди А6 кое го користел првиот вицепремиер Артан Груби е купено од салон со фул опрема и кое чини 80.000 евра и истото има поставено светлосна и звучна сигнализација, кое што според законските прописи и правилници истото е поставено само во полициските возила, и не го пријавил во анкетниот лист кој што е законска обврска на секое избрано и именувано лице.

Ковачки посочи дека сопартијците на Груби, го осудиле овој настан, но истите не побарале одговор од Груби зошто возилото не го пријавил во анкетниот лист и со тоа сторил кривично дело прикривање на имот.

Сопартијците, Османи, Бектеши и Адеми го осудија овој чин и побараа МВР целосно да го расчисти случајот. Но, не побараа одговор од Груби зошто возилото не го пријавил во анкетниот лист и со тоа сторил кривично дело прикривање на имот, потенцијално даночно затајување, како злоупотреба на службена положба и овластување, рече Ковачки.

Ковачки додаде дека има многу нејаснотии во целиот случај бидејќи истото возило било на име на фирмата ДПТУ ЕУРОКОМ ДОО која пред само неколку месеци купила хотел на Попова Шапка за само 55.000 евра што не може ниту една гарсоњера да се купи со тие пари.

Се појавуваат многу нејаснотии бидејќи возилото всушност се водело на име на фирма ДПТУ ЕУРОКОМ ДОО, која за само 55.000 евра купила хотел на Попова Шапка од една градежна фирма, која пак потоа добила милионски тендер од владата на СДС и ДУИ каде што токму прв вицепремиер е Артан Груби. Со 55.000 евра веќе не може да се купи ниту една гарсоњера од 30 квадрати, а не пак хотел на Попова Шапка, изјави тој.

Ковачки укажа дека има три клучни моменти треба да бидат предмет на ЈО.

Очигледно само Груби има таков дарежлив пријател, кој купува нов автомобил од 80.000 евра од салон и му го поклонува на Груби за тој да го корист. Што исто така треба да биде предмет на истрага од ЈО бидејќи има три клучни моменти. Прво, самиот Груби во гостување во емисија призна дека возилото е на 35 годишниот Б.Л. но дека му е дадено на користење и дека истиот имал успешен бизнис повеќе од 30 години, што значи дека лицево е успешен бизнисмен на само 5 години со оглед на неговата возраст, што го надминува и претпремачкиот дух на внукот на Али Ахмети Дрин Ахмети, кажа тој и додаде:

Второ, автомобилот кој што го користел Груби а било во сопственост на фирма, имало флешери и сигнализација што го имаат само полициските возила. Па поради тоа има доста нелогичности, прво за да се користи автомобил Груби требало да има полномоштво за користење на истото, а со оглед дека возилото е во сопственост на фирма, за користење на истото треба да се има овластување и лицето кое што го користи да е вработено во истата фирма со изготвен патен налог. Со оглед дека Груби е избран функционер и е вработен во Влада, јасно е дека ги немал потребните документи. Дури и самиот Груби изјави дека флешерите и сигнализацијата биле поставени од сопственикот на возилото односно лицето Б.Л па поради тоа треба да одговори дали кога го земал на користење возило му укажал на Лимани дека е спротивно на законот и правилникот на МВР за поставување на ваква сигнализација која што ја имаат само полициските возила, и дали знае дека поради тоа што тој го користел автомобилот тој е исто толку виновен и одговорен за користење на возило кое нема таква дозвола. Трето, и најклучно е што возилото е на име на фирмата ДПТУ ЕУРОКОМ ДОО, која за само 55.000 евра купила хотел на Попова Шапка, што отвора сериозен сомнеж за криминал во кој е вклучен директно Груби.

Лагата на Груби и на сите инволвирани во случајот кој се обидоа да го прикријат целиот случај повеќе наликува на циркус во кои главни циркузанти се Груби. И сега може да очекуваме дека Груби и ДУИ во одбрана ќе каже дека ова е албафонија, бидејќи секогаш кога тие се фатени во криминал ДУИ се брани на тој начин.

Ковачки постави три прашања две до државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски прашувајќи го дали ќе покрене истрага за Груби бидејќи лажел за својата имот состојба, како и дали не му е сомнително што фирмата му дала возило на Груби од 80.000 само неколку месеци по купување на хотелот на Попова Шапка, до министерот за внатрешни работи МВР, прашувајќи го уште колку вакви возила има и кога ќе побара одговорност од Груби.

Двете прашања за Јовевски, дали покренавте истрага за случајот за опожареното возило и побаравте целосно расветлување на случај, имајќи во предвид дека казната со која може да се соочи Груби според Кривичниот закон на РМ е казна затвор од 6 месеци до 5 години и парична казана за службено лице ако прикрива потекло на несраземно стекнат имот, а Груби може да биде казнет и заради тоа што давал лажни податоци за своите приходи како и дека неговиот имот е поголем од што може да си дозволи? Нели ви е доста симптоматично и нејасно што лицето Б.Л. кое купи хотел на Попова Шапка за 55.000 евра неколку месеци подоцна му дава на користење автомобил на Груби од 80.000 евра. Дали сметате дека истото му е дадено како знак на благодарност на Груби за успешно спроведена бизнис зделка по багателна цена, праша Ковачки.

Возилото во сопственост на фирма, а кое го користел Груби имало флешери и сигнализација, и вие како министер треба да знаете дека таква опрема има само во полициските возила. Па сакам да ве прашам уште колку вакви автомобил има низ Македонија и дали истите се користат за спроведување на некои црни бизнис зделки и дали чувствувате одговорност и дали ќе побарате одговор од Груби и кога тоа ќе го направите, го праша Ковачки Спасовски.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/07/2023 16:40