Јапонската корпорација „Тојота“ (Toyota Motor Corp.) е лидер на светскиот автомобилски пазар во првите 6 месеци од 2023 година, престигнувајќи го четврта година по ред (за периодот од првата половина од годината) - германскиот концерн „Фолксваген“ и другите главни конкуренти.
Автомобилската индустриска групација „Тојота“ објави дека во првата половина од 2023 година продале 5,42 милиони возила ширум светот, или 5,5 отсто повеќе од истиот период лани. Ова ја вклучува продажбата на нејзиниот оддел „Дајхатсу мотор“ (Daihatsu Motor Co.), што е специјализиран за производство на мали моторни возила, како и другата компанија во сопственост на „Тојота“ - производителот на камиони „Хино моторс Лтд“ (Hino Motors Ltd.).
Во првото полугодие од 2023., германскиот концерн „Фолксваген“ продал 4,37 милиони возила, што претставува зголемување од 12,8 отсто.