Власта на ДУИ и СДС веќе не е само закана за народните пари на македонските граѓани, туку станува сериозна закана и за европските фондови. Имено за овие години нивна власт, Европската канцеларија за борба против измами - ОЛАФ регистрира 18 случаи на злоупотреба на европски средства во Македонија, што е половина од сите злоупотреби во регионот.
Наместо за европски проекти, огромни европски средства ги јадела корупцијата и ова не е возможно да се случувало без знаење, согласност, па дури и директна вмешаност на високи владини функционери.
ДУИ и СДС имаат полна уста со европски вредности, а во реалноста нивните џебови се полни со украдени европски пари. Зошто јавноста во Македонија за криминалот и корупцијата на власта освен од ВМРО-ДПМНЕ дознава од Брисел и Вашингтон. Јавното обвинителство трае дури власта криминалот го прави. Наместо тие да ги гонат арамиите од власта, странски извештаи, мисии, комисии, институции го истражуваат криминалот во Македонија. Тоа само говори колку е уништен правосудниот систем во Македонија со оваа власт на ДУИ и СДС.