Денеска сум на протестот кој го организираат земјоделците од Свети Николе за да им дадам поддршка во нивните барања.

Земјоделците протестираат заради немањето вода за наводнување на околу 1000 хектари земјоделско земјиште во ситуација која браната Калиманци е полна до преливање. Дополнителен причинител за протестот е и тоа што АД Водостопанство ќе им ја зголеми цената на водата за наводнување за над 70%, а водата не стига до земјоделците на полето.

Ова е само уште еден доказ за негрижата на Владата и МЗШВ за македонските земјоделци!



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2023 12:31