По прес конференцијата, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски од медиумите беше запрашан за коментар за случајот каде во Струга беше прободен со нож началникот на полиција.
„Во која друга држава, началник на полиција инаку брат на обвинител, се прободува со нож, како во бразилска фавела или како во пресметка на клановите на Пабло Ескобар во Колумбија. Очигледно ДУИ и СДС од државата создадоа свои кланови кои сега се пресметуваат“, одговори Стоилковски.
Тој нагласи дека поминаа 20 часа, а нема одговори, нема одговорност, нема акција за откривање на мотивите. А, тоа е така затоа што криминалот е во врвот на власта.