Да беа СДС и ДУИ против отворањето на рудник во Иловица немаше да одлучуваат на седница на влада како на Дестани да му овозможат да го отвори. Ова што го гледаме сега е обид за перење. Но јавноста виде дека СДС биле лицемерни кога водеа кампањи сите овие години, бидејќи кога видоа бизнис прилика за лица блиски до владејачките партии заборавија на сите ветувања.

Па уште и без срам и перде излегуваа министри во поддршка на граѓаните кои протестираа, а само ден претходно дале согласност за спојување на концесиите и овозможување на изградбата на рудниците.

СДС треба да одговорат како после влегувањето на Дестани во Еуромакс Ресурсис се возобнови идејата за рудникот во Иловица?

Колку милиони евра се подготвени да дадат овој пат?

Зошто ги исполнуваат бизнис мечтите на нивниот газда во Владата?

Народот ги чека овие одговори.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/07/2023 15:37