Најавата за оставки на министрите од ДУИ е класичен,но и препознатлив блеф.

ДУИ како партија најодговорна за криминализација на државата,блокада на реформите на судскиот систем,злоупотребата на Бадентер и балансерот, огромниот број на промашени капитални инвестиции,како и колапсот на државните институции,се доволни причини за повлекување од власта.

ДИУ, заедно со Маричиќ и Ковачевски ,ја водат надворешната политика,која ги загрози евроинтеграциите со прифаќање на неоснованите барања на Бугарија и нивно вградување во Преговарачката рамка,посебно за промената на Уставот и историските и образовни прашања, без при тоа да се направат пошироки консултации.

За почеток,од функцијата треба да се повлече Бујар Османи,кој со своите одлуки директно ги загрози националните интереси на Македонците,но и на другите граѓани,а ги загрози и европските перспективи на Македонија.

Влада нема поддршка од граѓаните,ниту од мнозинството во Парламентот,поради што неопходни се избири,како демократски чин за промена на власта.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2023 15:44