Уште еден мега скандал во македонската дипломатија кој ја потресе јавноста овие дена како резултат на катастрофалната кадровска политика на Македонија во однос на дипломатијата и меѓународните односи.

Личниот пријател на Никола Димитров, а особено близок на претседателот Пендаровски и амбасадор на Република Македонија во Јапонија и на Бујар Османи, Горан Цеков извршил сексуално вознемирување врз повеќе жени за кој е пријавуван неколку пати!

Алармот го вклучила јапонската државјанка која го пријавила Цеков во неколку наврати, но она што е уште повознемирувачко што истиот тој амбасадор истовремено сексуално нападнал и негова колешка од ДКП-то во Јапонија за кого било алармирано во МНР неколку пати, но никој не превземал ништо!

Она што е уште по шокантно е фактот дека амбасадорот е вратен во земјата НО поминува, замислете, само со мерка враќање назад!

Во сериозни држави каде не владеат антидржавни ентитети како СДС и ДУИ, вакво тешко дело, најмалку се казнува со одземање на амбасадорското звање, престанок на работниот однос во МНР, оставка на министерот и хиерархиски казни за сите кои молчеле три месеци за нападот врз жените!

Се поставуваат неколку прашања:

1. Дали скандалот е прикриван неколку месеци заради неговите лични релации со Претседателот Пендаровски?

2. Дали на Цеков ова му е прв ваков сексуален напад?

Согласно законските прописи, сексуалното вознемирување е кривично дело.

Наместо враќање назад, овој господин треба и кривично да одговара.

Борбата против сексуално вознемирување врз жените, мора да биде не селективна и да го опфаќа секој сегмент во општеството.

БЕЗ ИСКЛУЧОЦИ!!

Го повикуваме Бујар Османи да ги изнесе јавно сите детали од извештајот за дисциплинската комисија каде се наведени сите детали за овој голем срам на Македонија пред јапонските власти и пред се, огромен срам за македонската дипломатија!



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2023 15:44