- Во Битола на 84 години почина Гоце Гроздановски - Моцарто, познат македонски спортски ракометен работник.

Тој беше еден од основачите на РК Пелистер, познат ракометар, тренер и прв македонски меѓународен ракометен судија.

Гроздановски повеќе од 40 години бил член во управата на РК Пелистер и почитуван работник од спортската јавност во државата и странство.

Неговиот погреб ќе биде утре во црквата „Света Недела“ во Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/07/2023 22:35