Македонскиот репрезентативецот кој игра на позицијата десен бек, Мартин Велковски, пивотот Стефан Стојчевиќ, како и странците – левото крило Арно Бинго од Франција и голманот од Куба Алехандро Ромеро се нови членови на РК Алкалоид.

Бинго е најискусното име во нашата екипа кога станува збор за неговата биографија. Тој има 35 години, е поранешен репрезентативец на Франција, а во текот на кариерата настапувал за португалските екипи Бенфика и Спортинг, како и за француските Трембле и Монпелје.

Вториот странец - Алехандро Ромеро е голман роден во 1994 година, а стоеше меѓу стативите на Екс Провaнс, во чии редови имаше завиден процент на одбрани. Кубанецот бранеше и за Понто Комбо од Франција, за шведскиот клуб Онередс Аристика и за Порто од Португалија.

Мартин Велковски е 26-годишен десен бек кој претходно настапуваше за Еурофарм Пелистер и Металург.

Новиот пивотмен на Алкалоид, Стојчевиќ има 20 години, висок е 207 сантиметри, а доаѓа Бутел Скопје.

Металург во новата сезона ќе игра во групната фаза на Европската лига на EHF.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/08/2023 08:18