Има многу афери за лица од власта, стигнуваат на дневна основа. Но понекогаш човек има дилема колку далеку да оди. Се поставува прашањето дали треба да се оди уште чекор напред и ние тоа го анализираме, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата „Заспиј ако можеш“ што се емитува на телевизија Алфа.
„Но, сето тоа мора да го документираме утре пледираме да бидеме нова влада и тогаш органите треба да работат на овие индиции кои стигаат до нас, исто и докази. И ќе треба детално да се занимаваат“, посочи Мицкоски.
Мицкоски се осврна и на прашањето дали актуелните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ поднеле кривични за претходниците и како е исходот од истите.
„Често слушам велат има мнозинство кај градоначалниците кажете колку градоначалници поднеле кривични за нивните претходници ниту една со докази не е процесуирана“, рече Мицкоски.
Исходот е, додаде тој, „сите се одбивани од обвинителството, зошто на Ислам Абази на ушка му седи и суфлира братот на Ахмети“.