Денеска, на Мечкин Камен, на 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ делегација од Левица предводена од претседателот на партијата проф. д-р Димитар Апасиев, заедно со пратеникот Борислав Крмов и портпаролот Амар Мециновиќ, положија венец свежо цвеќе во чест на македонските револуционери кои ги дадоа своите животи за Слободата на Република Македонија.
Споменот на Денот на Републиката, и вистината за првиот и вториот Илинден, не може да замре се додека гори поривот на македонскиот народ да ја одредува сопствената судбина и да ја одбрани Државата.
Повторно ќе ги возобновиме идеалите на кои почива Републиката!
Сектор за медиуми и односи со јавност на ПП Левица