Ниту Бујар Османи, ниту Димитар Ковачевски не одговорија каде се 4 милиони долари од поделбата на имотот на поранешна Југославија што и припаднаа на Македонија? Зошто Фрчкоски не ги враќа парите во буџетот? Дали ќе се санкционира ваквото однесување на Фрчкоски, во моменти кога Ковачевски воведува нови даноци заради празната државна каса, а Фрчкоски не враќа 4 милиони долари?
Ова е огромен скандал, недозволиво е два дена да нема одговор зошто Љубомир Фрчкоски не ги префрла 3 милиони и 400 илјади американски долари од сметката на Постојаната мисија на Македонија при ОН во државниот буџет? За потсетување, 3,4 милиони веќе се префрлени на сметка на Мисијата на Фрчкоски, а се очекуваат уште 600 илјади американски долари.
Османи и Ковачевски мора да одговорат дали во декември лани и во јуни годинава испратиле инструкции до Фрчкоски парите да бидат префрлени во државниот буџет? Османи и Ковачевски мора да одговорат зошто е потребно дури на два пати, декември и половина година потоа, во јуни годинава по втор пат да праќаат исти инструкции амбасадор да врати пари од сметка во буџетот? Дали Фрчкоски одбива соработка со министерството и со владата? Дали е тоа дозволено самоволие и непочитување на инструкции од Фрчкоски - парите не ги префрла во буџетот на државата, тоа одбива да го направи и ги држи на сметката на Мисијата?
Почитувани,
Мора да се знае какви инструкции има амбасадорот Фрчкоски за трошење на државните 4 милиони долари? За што се планирани овие пари, дали воопшто се планирани ако се бараат во буџетот, или на повидок е потенцијална матна зделка?
И најважното прашање - зошто Димитар Ковачевски молчи за скандалот, ако не бил информиран, сега веќе би требало да знае за сето ова?
Ковачевски наметнува нови даноци, Фрчкоски не му враќа 4 милиони долари, а нема санкции?
Дали Македонија ќе доживее уште еден скандал од транзицискиот политичар, којшто веројатно смета дека како амбасадор може да не почитува инструкции и на сметка на Мисијата да присвои пари на граѓаните на Македонија, за можни матни зделки практикувани во 90-тите години како на пример за скапи коњи, луксузни очила за сонце, кога амбасадорот беше министер?
Почитувани,
Македонија тоне во сиромаштија, се измислуваат нови даноци и давачки, криминалот, корупцијата, неказнивоста и самоволието цветаат.
Само избори се спасот!