Со новиот буџет за 2025 предвидуваме рекордни 830 милиони евра инвестиции во конкретни и реални проекти за сите граѓани.
Со обезбедените 100 милиони евра во 2024 година и дополнителни 250 милиони евра во 2025 година, во првиот квартал од идната година ќе започнат проекти во над 800 локации низ целата земја
Нови болници, училишта, градинки и спортски сали. Во 2025-та година нема да се збори за промашени траси, не отпочнати автопати, нереализирани ветувања, туку на вестите ќе доминираат почеток на изградби, увиди и завршени проекти.
Развојните буџетски потпрограми се тие кои даваат слика за обезбедените финансии за реализација на сите капитални проекти.
2,8 милијарди денари во нова потпрограма за инфраструктурни проекти во општините. 3,9 милијарди денари повеќе за потпрограмата „Инвестиции во патна инфраструктура“, што претставува раст од 95,1%. Вкупни расходи од 16,3 милијарди денари за Министерството за транспорт, од кои 77,3% ќе бидат наменети за капитални проекти, со зголемување од 6,6 милијарди денари.
Во 2025та започнува и изведбата на автопатите Гостивар–Кичево, Кичево–Охрид, Прилеп–Битола, како и вложување во магистрални и експресни патишта.
Почитувани, идната година ќе е година на изведба клучни патни и железнички инфраструктурни проекти, со цел граѓаните да ги почувствуваат придобивките од модернизацијата, а Македонија да се претвори во крстосница на Балканот