Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, објави дека купил 30 сезонски влезници за натпреварите на фудбалскиот клуб Вардар во новата сезона, надоврзувајќи се на поддршката за „црвено-црните“ од 12 скопски и приградски општини.
„Денеска купив 30 сезонски карти за ФК Вардар. Да го помогнеме Вардар, да покажеме дека навивачите се тука за најтрофејниот македонски клуб. Со срце за Вардар“, објави Мицкоски.