Криминалните зделки на власта немаат крај.
Власта упорно молчи за 4 милиони долари што припаѓаат на граѓаните на Македонија.
Димитар Ковачевски додека воведува нови даноци поради празната државна каса, не одговара на јавноста каде се 4 милиони долари од поделбата на имотот на поранешна Југославија што и припаднаа на Македонија.
Македонија додека тоне во сиромаштија и се измислуваат нови даноци, Ковачевски не одговара зошто Љубомир Фрчкоски не ги враќа парите во државниот буџет.
Власта три дена молчи и не одговара зошто Љубомир Фрчкоски не ги префрла 3 милиони и 400 илјади американски долари од сметката на Постојаната мисија на Македонија при ОН во државниот буџет? Досега 3,4 милиони веќе се префрлени на сметка на Мисијата на Љубомир Фрчкоски, а се очекуваат уште 600 илјади американски долари.
Јавноста има право да знае зошто Димитар Ковачевски молчи за скандалот?
Димитар Ковачевски нека смогне сили и јавно нека им каже на граѓаните за што се планирани овие пари.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува истражните органи во државата веднаш да побараат објаснување зошто 4 милиони долари не се вратени во Буџетот на Македонија!