Ковачевски, Маричиќ и Османи прописно се посрамотија за овој Илинден. Го чествуваа без да споменат дека е македонски и го злоупотребија да го убедуваат народот за уставните измени, иако над 80% од граѓаните се против уставни измени под бугарски диктат.

Наместо да ја трошат енергијата да го понижуваат својот народ, требаше да реагираат на пораките кои доаѓаат од Софија на овој голем ден кој се целосно негаторски за Македонија и нејзината државност. Зошто Ковачевски, Маричиќ и Османи премолчеа на чествувањето на Илинден во Софија од каде највисоките државници го оквалификуваа како бугарско. Да биде скандалот поголем, премиерот Денков го извитопери идеалот на Илинденското востание и го прикажа како востание чија крајна цел било присоединување на Македонија кон Бугарија.

Ова ли е добрососедството кое го донесе оваа власт на ДУИ и СДС? Зарем овие историски наративи оваа власт е подготвена да ги прифати? Ова е уште еден доказ дека поради кусогледоста и свитканата кичма на оваа власт историјата на Македонија се ревидира и таквата намера на Бугарија станува услов за нашата евроинтеграција.

Затоа народот е против бугарскиот диктат, затоа што нема гаранции дека ова е последното барање од Софија и крајната цел е однародување или во спротивно преговорите ќе траат до недоглед.

Ковачевски, зарем мачка ти го изеде јазикот? Каде е твојата реакција на негаторските пораки од Софија или не смееше да им писнеш?



Автор: Администратор
Објавено на: 04/08/2023 09:49