Откако пред неколку дена стана мајка, Линдзи Лохан сподели фотографија од себеси по породувањето. На сликата, таа е облечена во куса маичка и лежерни домашни бермуди што го истакнуваат нејзиното постпородилно стомаче.
„Толку сум горда на она што ова тело можеше и го постигна овие месеци на бременост и сега следи закрепнување. Да се има бебе е најголемата радост на светот!“, напиша Линдзи, меѓу другото, во описот.
Лохан лани се омажи за Бадер Шамас. Објави дека е бремена на Инстаграм во март годинава. Синот го роди во Дубаи, а му дадоа име Луаи. Глумицата живее во Обединетите Арапски Емирати од 2014 година.
Следниот нејзин филм е романтично-фантастичната комедија на „Нетфликс“ - „Ирска желба“ (Irish Wish), што би требало да се прикажува од оваа година